• понеделник, 23 декември 2024

Во Кавадарци работилници „Да ставиме крај на туберкулозата"

Во Кавадарци работилници „Да ставиме крај на туберкулозата

Кавадарци, 19 септември 2024 (МИА) - „Да ставиме крај на туберкулозата" беа насловени работилниците што се одржаа во Кавадарци по повод одбележувањето на Неделата на борба против туберкулоза од 14 - 21 септември, во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска Организација Кавадарци.

Како што информира попладнево кавадаречкиот Црвен крст, се одржаа пет работилници во две основни и едно средно училиште со што беа опфатени 111 ученици.

-Целта на одбележувањето на оваа Недела е подигање на јавната свест за важноста на општото, социјалното и економското здравје. Се прават напори да се стави крај на глобалната епидемија со туберкулоза, велат од Црвен крст Кавадарци. 

За пошироко информирање на граѓаните од Кавадарци и Росоман за опасноста по здравјето од туберкулозата изготвени се и плакати. свд/мч/

Фото: Црвен крст Кавадарци 

Остани поврзан