Во Кавадарци промовирана книгата ,,Погрешна одлука" од Андријана Преметарев
- „Погрешна одлука" е насловот на петтата по ред книга од кавадарчанката Андријана Преметарев, што синоќа беше промовирана во Кавадарци.
Кавадарци, 25 јуни 2025 (МИА) - „Погрешна одлука" е насловот на петтата по ред книга од кавадарчанката Андријана Преметарев, што синоќа беше промовирана во Кавадарци.
-Напнат роман, со длабока анализа на човековата психологија, меѓучовечките односи, заслепеноста од љубовта и жртвувањето. Роман за брзи, погрешни одлуки, за опасна љубопитност и неможност од враќање назад. Ве предизвикувам да прочитате како може лесно да згрешите со донесување на една единствена одлука..., пишува на задната корица од делото на Преметарев.

Таа е родена 1983 година. Има завршено Факултет за учители и воспитувачи во Битола, отсек одделенски наставник. Има добиено неколку награди за најдобра песна на државни конкурси. свд/сст/
Фото : МИА