• среда, 15 мај 2024

Во Кавадарци пријавени за гласање 167, во Росоман 69 немоќни лица

Во Кавадарци пријавени за гласање 167, во Росоман 69 немоќни лица

Кавадарци, 7 мај 2024 (МИА) - Во Кавадарци се пријавени за денешното  гласање 167, а во Росоман 69 немоќни лица, информираа претседателите на општинските изборни комисии, Емилија Петровска и Зоран Костов. 

- Всушност, согласно на законот, денеска, ден пред претседателските и парламентарните избори, за гласање се пријавени вкупно 155 лица во домашни услови, болни и немоќни,  како и дванаесетмина од дом за стари лица, појасни Петровска. 

Запишани се вкупно 31.982 избирачи за парламентарните избори, 31.926 за претседателските, со право на глас во Кавадарци. 

Во Росоман, како што соопшти Костов, 3.300 избирачи се евидентирани во списокот за гласање на утрешните избори. свд/дма/

Фото: МИА архива
 

 

 



 
 

 

 

Остани поврзан