• понеделник, 23 декември 2024

Во Кавадарци едукативен настан за превенција од рак на кожа 

Во Кавадарци едукативен настан за превенција од рак на кожа 

Кавадарци, 8 јуни 2024 (МИА) - Едукативен настан за превенција од рак на кожа се реализираше синоќа во Кавадарци, во организација на Комисијата за еднакви можности при Општината и во соработка со „Бела фарм" аптеки. 

По завршување на панел дискусијата, присутните можеа да направат бесплатен преглед на бенки, а со д-р Наташа Теовска Митревска, специјалист дерматолог и со фармацевти можеа да се консултираат за проблемите со кожата.

Според Марија Камчева, координаторка за родова еднаквост при Општината, едукацијата и информирањето на јавноста се од витално значење во борбата против било која болест. 

- Нашата цел не е само да ги пренесеме информациите, туку и да ги мотивираме сите присутни да преземат проактивни мерки за заштита на своето здравје и здравјето на своите блиски, нагласи Камчева. свд/бак/


Фото : МИА 

Остани поврзан