• петок, 22 ноември 2024

Во Кавадарци до девет часот гласале пет отсто од гласачите 

Во Кавадарци до девет часот гласале пет отсто од гласачите 

Кавадарци, 24 април 2024 (МИА) - Во Кавадарци до девет часот гласале пет проценти од гласачите, информираше претседателката на ОИК, Емилија Петровска. 

Таа претходно соопшти дека навремено беа отворени гласачките места на кои се гласа за претседател на државата.

- Малку проблеми имаше со апаратите за читање отпечаток од прст. Но со помош на ИТ лицата, се е ставено во ред, нагласи Петровска за МИА, на стартот од гласањето. 

Петровска потсети дека за вчерашниот ден, за гласање беа пријавени  110 болни и немоќни лица во домашни услови и 14 штитеници во Дом за вонсемејна грижа ,,Др.Јанески" во кавадаречкото село Чемерско. 

- Согласно на законот, тие лица гласаа вчера, ден пред изборите за претседател на државата денеска. Во избирачкиот список за општина  Кавадарци се евидентирани вкупно 31.868 гласачи, соопшти Петровска. 

Таа појасни дека немаа пријавено лица од оваа општина што издржуваат казна затвор, а кои исто така можеа да гласаат во текот на вчерашниот ден. свд/дма/

Фото: МИА архива



 
 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан