• среда, 03 јули 2024

Во кавадаречкото село Марена се гради спортска сала

Во кавадаречкото село Марена се гради спортска сала

Кавадарци, 10 ноември 2023 (МИА) - Во кавадаречкото село Марена се гради спортска сала, со корисна површина од 400 квадратни метри и во склоп на подрачното општинско училиште ,,Страшо Пинџур’’, информираа попладнево од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

- Станува збор за инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 22.000.000 денари. Изведувач на работите е фирмата „Градба промет". Ова практично покажува на терен дека Локалната самоуправа подеднакво инвестира како во урбаните, така и во руралните населени места, нагласија од кабинетот на градоначалникот. 

Оттаму информираа исто така дека на барање на жителите од село Раец, денеска ЈП ,,Комуналец" Кавадарци со скип донација од компанијата ,,Кожуванка", работи на водоснабдување на црквата во селото. свд/дма/

 

Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев

Остани поврзан