• среда, 18 декември 2024

Во Италија, фудбалер суспендиран десет натпревари поради расизам

Во Италија, фудбалер суспендиран десет натпревари поради расизам
Рим, 5 мај 2021 (МИА) – Фудбалерот на Пиза, Микеле Маркони доби суспензија од 10 натпревари за навреда на расна основа против играчот на Киево, Џоел Оби, во натпревар од Серија Б (2:2), објави „Фудбал Италија“. Инцидентот се случил на 22 декември минатата година. По првото рочиште во март, Маркони беше прогласен за невин, но потоа се појавија нови докази, што доведе до промена на одлуката. Киево претходно издаде соопштение во кое тврди дека Маркони во разговорот со Оби спомнал за „бунт на робовите“. Ова го потврди и самиот нигерискиот фудбалер кој настапува за клубот Верона. зс/

Остани поврзан