Во Иран запленети 1,3 тони наркотици
- Иранската полиција запленила 1,3 тони наркотици, соопшти командантот на граничната стража на иранската провинција Систан и Белучистан.
![Во Иран запленети 1,3 тони наркотици](https://new.mia.mk/images/20231210163729_big_730x400_62.webp )
Техеран, 10 декември 2023 (МИА) - Иранската полиција запленила 1,3 тони наркотици, соопшти командантот на граничната стража на иранската провинција Систан и Белучистан.
Според иранските медиуми, шверцерот е фатен и во неговото возило биле откриени 1,1 тон опиум и 200 килограми хашиш.
Тој изјави дека дрогата била откриена во рамки на акција за борба против наркотици. мс/
фото: МИА архива