• петок, 05 декември 2025

Во запален стан во Струмица пронајдено починато лице

Во запален стан во Струмица пронајдено починато лице

Струмица, 17 јули 2025 (МИА) - Во запален стан во Струмица на улицата „Благој Јанков Мучето“ денеска во 15:27 часот било пронајдено починато лице, соопштија денеска од ТППЕ Струмица.

Како што информираат оттаму, пожарот избувнал во стан на 4 кат во колективна станбена зграда, а во гаснењето на пожарот учествувале три против пожарни возила и седум пожарникари.

-Другите станови во зградата се заштитени од пожарот и сите станари се безбедно евакуирани, се наведува во информацијата на ТППЕ Струмица.

На местото на настанот увид извршиле инспектори за пожари, полицијаата и јавен обвинител од ОЈО Струмица. рт/дма/

Фото: ТППЕ Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан