• вторник, 24 декември 2024

Во Ерихон откриен најголемиот мозаик во светот

Во Ерихон откриен најголемиот мозаик во светот
Рамалах, 29 октомври 2021 (МИА)Палестинските власти соопштија дека е откриен еден од најголемите подни мозаици во светот, и тоа во градот Ерихон на Западниот Брег. Реставрацијата на наодот траеше со години. Големиот мозаик опфаќа 836 квадратни метри во палатата Хишам - исламски замок од ерата на Омајадите кои владееле во седмиот и осмиот век (ок. 660-750). Прикажан е лав кој напаѓа елен, што симболизираат војна, и две газели - симбол на мирот, опкружени со цветни и геометриски шари. Палатата Хишам била запоставена со години, додека не била повторно откриена во 19. век. Истражувањата започнале 1930-тите, кога и бил откриен мозаикот под правта. Зданието, сепак, остана запоставено до пред пет години, и затворено за посетители, а реставрацијата потоа беше финансирана од Јапонија и чинеше 12 милиони долари. - Во мозаикот има над пет милиони парчиња камен од Палестина во природна и карактеристична боја, рече Салах Тавафша, потсекретар во палестинското Министерство за туризам и антиквитети. Тој изрази надеж дека средновековното наоѓалиште близу Мртвото Море, кое се простира на површина од 60 хектари, ќе привлече туристи во Ерихон.  си/сд/

Остани поврзан