• петок, 05 декември 2025

Во Демир Хисар одбележана годишнина од формирањето на Центарот „Порака“

Во Демир Хисар одбележана годишнина од формирањето на Центарот „Порака“

Демир Хисар, 3 декември 2025 (МИА) - Општина Демир Хисар и Центарот за поддршка на лица со интелектуална попречност (ЦПЛИП) „Порака“ денеска одбележаа 47 години од формирањето на Цетарот „Порака“, но и 3 декември Меѓународен ден на лицата со попреченост.

Јавна поддршка до локалната самоуправа за континуираната поддршка на Центарот искажа претседателот на таа организација Љубе Димчевски, а градоначалникот Никола Најдовски најави нови соработки со ЦПЛИП „Порака“.

- Горди сме на долгогодишната традиција, успехот и заедничките чекори кон општество во кое секој човек има еднаква можност да живее исполнет и достоинствен живот. И затоа, во тој поглед, максимално посветени сите треба да бидеме и да се однесуваме подеднакво одговорни, како и да создаваме нови можности и секојдневно да овозможуваме услови, за овие лица, да го дадат својот придонес во општеството до оној степен до кој можат, истакна Најдовски и апелираше за поголем ангажман на помладите генерации во поддршката на организацијата.

Според востановената традиција и годинава беа доделени награди и признанија на ученици од основните и средните училишта за успешни ликовни и литературни творби. мт/дма/

Фото: Општина Демир Хисар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан