Во Делчево претставена кампањата на ДЗС за превенција од пожари
- Пожарите директно и индиректно влијаат врз животната средина и ја намалуваат отпорноста на шумите и нивниот биодиверзитет. Ова е главната порака во рамки на кампањата на Дирекцијата за заштит
Делчево, 12 мај 2022 (МИА) - Пожарите директно и индиректно влијаат врз животната средина и ја намалуваат отпорноста на шумите и нивниот биодиверзитет. Ова е главната порака во рамки на кампањата на Дирекцијата за заштита и спасување насловена „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени“, која денеска им беше претставена на делчевчани.
Во рамки на денешните активности, како што информираше преставникот на ДЗС Мирослав Трајковски, преку делење едукативен припаганден материјал, граѓаните се едуцираа како да се заштитат од пожари.

-Граѓаните добија прирачници за заштита од пожари, а беше презентирана и дел од опремата за справување со пожари, рече Трајковски.
Ова е втор ден од кампањата која, како што додаде, продолжува и во останатите општини од истокот.
-Започнавме во Кочани, денеска сме во Делчево, после 13 часот ќе бидеме во Берово и Пехчево. Активностите до крајот на месецот продолжуваат и во другите градови од државата. Нашата цел е да ја покажеме нашата подготвеност и одговорност како кон граѓаните, така и кон човековата околина, додаде Трајковски.

Меѓу останатите пораки кои ги упатија од Дирекцијата за заштита беше и пораката совесно и одговорно да се чуваат шумите, се со цел да не се повторат минатогодишните пожари кои се случија во Пијанечко-малешевскиот регион. вс/вг/