• понеделник, 23 декември 2024

Во Делчево премиерно прикажан домашниот игран филм „Кајмак"

Во Делчево премиерно прикажан домашниот игран филм „Кајмак
Делчево, 17 ноември 2022 (МИА) - Во киносалата во Делчево премиерно е прикажан домашниот игран филм „Кајмак". Директорот на НУ Центар за култура „Н.Ј.Вапцаров“, Методи Толевски изрази задоволство што делчевчани покажаа солиден интерес за филмската приказна на најдобриот македонски режисер Милчо Манчевски.
-Се работи за филм кој обработува теми кои досега ретко можеа да се видат во македонската кинематографијани затоа е задоволство што меѓу првите градови каде се прикажува овој филм е и Делчево, рече Толевски.
Сите кои ја пропуштија премиерата, тоа како што додаде Толевски ќе можат да го сторат и во деновите кои следат.
-Иако за премиерата и сум и не сум задоволен од посетата, сепак детали нема да откриваме туку ќе упатиме покана до љубителите на филмската уметност да го погледнат филмот и утре, а во зависност од интересот ние и понатаму ќе го прикажуваме ова ремек дело на Манчевски, додаде Толевски.
Освен во Делчево филмот „Кајмак“ вечерва имаше премиера и во Берово и Македонска Каменица.вс/свс

Остани поврзан