• понеделник, 23 јуни 2025

Во Делчево одржан концерт на Женски Гитаристички Квинтет при Дом на култура ,,Тошо Арсов" Виница

Во Делчево одржан концерт на Женски Гитаристички Квинтет при Дом на култура ,,Тошо Арсов

Делчево, 6 мај 2025 (МИА) - Во организација на Националната установа центар за култура ,, Никола Јонков Вапцаров’’, вечерва во Делчево се одржа концерт на Женски гитаристички квинтет при Дом на култура ,, Тошо Арсов’’ од Виница. Во преполното Фоаје на Спомен дом АСНОМ, делчевчани имаа можноста да уживаат во уметноста на гитарата преку настап на талентирани музичарки.

-Настапот беше на задоволство на публиката која можеше да види и дел од музиката со која се претставија и членовите на МАСС Академи од Делчево. Се надевам дека присутните уживаа и имаа убава вечер, истакна по концертот новиот директор на установата, Златко Начовски.

За раководителот на Женски Гитаристички Квинтет, Славко Ѓеоргиев кој раководи ао школата за гитара 14 години, секогаш настапите во Делчево поминувале одлично. 

-Секогаш делчевската публика знае да цени што е добро. Што се однесува до Школата за гитара таа постои 14-та година, имаме 34 члена од кои 30 женски и 4 машки. Меѓутоа интересот расте. За сораборката со вашиот центар за култура можат да кажам дека од целиот регион соработката е  на професионално ниво, истакна Ѓеоргиев.

По овој концерт, програмскиот директор на НУЦК ,,Никола Јонков Вапцаров" ја искористи приликата да најави дека веќе за два дена следува промоција на книгата Монографијата за Косово Дабје од авторот Крум Николовски, а најави уште многу музички и други настани во текот на периодот кој следи. вс/сст/


Фото: МИА
 

Остани поврзан