• петок, 22 ноември 2024

Во Делчево одржана првата обука од проектот за производство на био-храна

Во Делчево одржана првата обука од проектот за производство на био-храна
Делчево, 18 март 2023 (МИА) - Во Делчево се одржа првата обука во рамки на проектот „Произведи храна во склад со природата" кој го спроведува здружението на производители на органски производи „Аронија".
 
Во рамки на онлајн обуката учествуваа ученици од Средното општинско училиште од Делчево и фармери од Пијанечко-малешевскиот регион, кои се запознаа со влијанието на климатските промени врз животната средина и нивното влијание врз производството на храна.
 
-Предвидени се вкупно пет вакви онлајн едукативни работилници за примена на перма култура, по што фармерите учесниците и официјално стануваат членови на првата онлајн градинарска заедница, истакна Фисанчо Христов, координатор на проектот и претседател на делчевското здружение.
Предавач на денешната обуката е Билјана Бановиќ која на присутните им го пренесе своето 15 годишно искуство во производство на био-храна според методите на перма-култура. Потенцираше дека многу е важно што побрзо да се сфати пораката дека човекот како дел од природата има важна улога во производството на био-храна, заради што е потребна поголема вклученост во овој процес.
Проектот „Произведувај храна во склад со природата и допринесувај за справување со климатските промени" е поддржан од „Еко свест" од Скопје и е подгрант од проектот „Граѓанските организации заедно за климатски промени" поддржан од Амбасадата на Шведска во Република Северна Македонија. вс/свс/
 
Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан