Во Делчево заврши реконструкцијата од продолжението на улицата „Орце Николов“
- Во Делчево заврши реконструкцијата од продолжението на улицата „Орце Николов“. Овој значаен инфраструктурен зафат, како што истакна градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, кој изврши увид во градежните работи е во насока на современо и безбедно улично решение, со што се подобрува секојдневието на жителите и се подигнува квалитетот на животот во овој дел од градот.

Делчево, 15 мај 2025 (МИА) - Во Делчево заврши реконструкцијата од продолжението на улицата „Орце Николов“. Овој значаен инфраструктурен зафат, како што истакна градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, кој изврши увид во градежните работи е во насока на современо и безбедно улично решение, со што се подобрува секојдневието на жителите и се подигнува квалитетот на животот во овој дел од градот.
-Ова е ново поглавје за поквалитетен живот на граѓаните. Со задоволство известуваме дека реконструкцијата на продолжението на улицата „Орце Николов“ е целосно завршена. Со реконструкцијата се опфати целосна замена на коловозната површина со нов, висококвалитетен асфалт, уредување на паркинг просторот и подобрување на атмосферската и фекалната канализација, рече Трајковски.
Од придобивките за граѓаните по реализацијата на активноста, напомена повеќе значајни фактори за безбедноста на граѓаните.
-Меѓу нив ги напоменувам побезбедното и поудобно движење за пешаците и возачите, зголемената сообраќајна ефикасност и намалување на метежот, подобрените услови за животната средина и урбаното живеење. Ова е уште еден чекор напред кон создавање на модерен, функционален и уреден урбан простор. Благодарност до сите граѓани за трпението за време на изведбата, додаде Трајковски.
Средствата за изградба на улицата која е со должина од 135 метри и должина на паркинг од 50 метри се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево. Изведувач на работите е АТЕА Фемили Зелениково. вс/мд/
Фото: МИА