Во Делчево завршија натреварите од првиот ден на Малите олимписки игри за основни училишта
- Ракометарките на Општинското основно училиште „Св.Климент Охридски“ од Делчево и одбојкарите од деветолетката „Браќа Миладиновци“ од Струга го освоија првото место на денешната Мала олимпијада за основни училишта која се одржува во Делчево. Ракометарките на ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево во финалето во ракомет ги совладаа врсничките од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Струга со 16:13 по изведувањето на пенали, додека одбојкарите со 2.0 во сетови беа подобри од одбојкарите од истоименото училиште од Скопје.
Делчево, 14 мај 2025 (МИА) - Ракометарките на Општинското основно училиште „Св.Климент Охридски“ од Делчево и одбојкарите од деветолетката „Браќа Миладиновци“ од Струга го освоија првото место на денешната Мала олимпијада за основни училишта која се одржува во Делчево. Ракометарките на ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево во финалето во ракомет ги совладаа врсничките од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Струга со 16:13 по изведувањето на пенали, додека одбојкарите со 2.0 во сетови беа подобри од одбојкарите од истоименото училиште од Скопје.
За Александар Таушански, тренерот на домашниот тим, конечно пехарот во Делчево, по освоените трето и второ место на претходните игри.
-Редно беше да освоиме златен медал бидејки бевме трети, па втори и сега конечно прво место. Напорно работевме им честитам на сите ракометарки за успехот, рече Таушански а кон честитките се придружи и директорот на делчевската деветолетка Горан Димитровски кој ги покани граѓаните и љубителите на спортот да го проследат и вториот ден од Малата олимпијада која продолжува утре.

Претставниците на Федерацијата на училишен спорт изразија задоволство што Делчево се покажа како добар домаќин и очекуваат добрата организација да продолжи и во текот на вториот ден од игрите.
-Делчево денес може да се гордее бидејки има шампионска екипа. Им посакувам успех и понатаму и во ракометот и во училиштето, Ова е голем успех за градот Делчево, за ракометот и за спортот воопшто. Благодарност и до екипите од основните училишта СВ.Климент Охридски - Делчево, Браќа Миладиновци - Струга, Тихомир Милошевски – Ѓорче Петров Скопје и Тошо Арсов - Штип кои се натпреваруваа во женски ракомет и основните училишта Браќа Миладиновци - Струга, Браќа Миладиновци - Скопје, Блаже Коневски Велес и домаќинот Св Климент Охридски од Делчево кои беа дел од турнирот во одбојка, додаде Велков.
Игрите утре продолжуваат со натпреварите во машки ракомет и одбојка за жени. Освен Делчево домаќин на Малите олимписки игри за основни училишта е и градот Кочани.вс/бт/
Фото: МИА