• недела, 22 декември 2024

Во Дебар се зголемува бројот на хоспитализирани во Ковид-центарот

Во Дебар се зголемува бројот на хоспитализирани во Ковид-центарот
Дебар, 14 август 2021 (МИА) – Во континуитет расте бројот на новозаразени со Ковид-19 во општините Дебар и Центар Жупа, а како последица на тоа се зголемува и бројот на хоспитализирани во Ковид-центарот во дебарската општа болница со проширена дејност. Според податоци на Министерството за здравство, во Дебарско денеска регистрирани се 23 новозразени, што е најголема бројка на дневно ниво од почетокот на пандемијата. Во изминатите денови од оваа седмица регистрирани се 76 новозаразени, од моментно активните 112. Според надлежните, бројот е многу поголем затоа што за лекарска услуга се јавуваат оние кои имаат поголеми потешкотии.Според нив, сето тоа како последица на непочитувањето на мерките за заштита, а речиси сите се од кластери „домашни веселби“. - Како што расте бројот на новозаразени, расте бројот на хоспитализирани во Ковид-центарот во нашата установа. Моментно болнички се третираат 11 пациенти, сите на кислородна поддршка. Од нив дури 90 отсто не се вакцинирани. Денеска поради потешка клиничка слика еден пациент на 28-годишна возраст, иселеник од Италија, е префрлен на понатамошен третман во здравствена установа во Скопје, изјави за МИА Баки Алили, директор на болницата. Меѓу заразените има поголем број иселеници, кои во родниот крај го минуваат летниот одмор а кои во земјите каде што живеат и работат не се имунизирале. - Повторно апелирам до граѓаните да бидат повнимателни и да ги почитуваат мерките за заштита, бидејќи повеќе од јасно е дека невидливиот непријател наголемо е присутен во нашиот крај. Исто така ги замолувам да се вакцинираат, за што не е потребен термин, туку со себе треба да понесат само лична карта или друг документ за лична идентификација, апелира доктор Алили. Посочува дека денеска во модуларната болница аплицирани се над 60 вакцини, а вчера 240. Процесот непречено продолжува и најави дека ќе пристигне нова пратка на вакцини. вт/фф/

Тагови

Остани поврзан