• понеделник, 23 декември 2024

Во Дебар меѓу активните болни од Ковид-19 и едногодишно дете

Во Дебар меѓу активните болни од Ковид-19 и едногодишно дете
Дебар, 26 август 2021 (МИА) – Влошената епидемиолошка состојба со Ковид-19 на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа и понатаму не стивнува, тоа го потврдува и падотокот од 269 случаи овој месец. - Бројот на заразени расте, што е последица на непочитување на здравствените протоколи. На дневно ниво, во просек, овој месец опасниот вирус бил потврден кај 10,3 лица. Она што посебно загрижува е фактот што најголем број од заразените се од 20 до 40-годишна возраст. Според возраста, едногодишно дете е најмладиот заразен, изјави за МИА, Ментор Меља, раководител на Работната единица на Центарот за јавно здравје. Додава дека поради ваквото неодговорно однесување на дел од жителите од ова подрачје, единствено нешто што може да ја смири ситуацијата е имунизацијата. Според директорот пак на Општата болница со проширна дејност, Баки Алили, овој процес се одвива непречено со најалку 200 аплицирани вакцини дневно. Што се однесува до бројот на хиспитализирани ковид пациенти во одделенијата тој број се менува. -Моментно имаме 33 ковид паценти, кои се на болнички третман. Од нив 29 се на кислородна подршка. Поради влошена клиничка слика попладнево во здравствена установа во Скопје префрлен на понатамошно лекување е 35-годишен пациент, со што во установи таму сега имаме четворица наши сограѓани. На дневна терапија тука кај нас се 20 пациенти, рече Алили. Надлежните потврдуваат дека моментно активни на болеста се 195 а во домашна изолација 158 лица. вт/свс/

Остани поврзан