• понеделник, 23 декември 2024

Во Дебарско пролетната сеидба досега реализирана со околу 35 отсто

Во Дебарско пролетната сеидба досега реализирана со околу 35 отсто
Дебар, 13 април 2022 (МИА) - Земјоделците од подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа досега реализирале околу 35 отсто од планираните пролетните сеидбени работи. Според Арбен Муладаути, вршител на должноста раководител на дебарската подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со пролетни култури ќе бидат засеани 161 хектар. - Најголема површина или 42 хектари ќе бидат засеани со житни култури, од кои 20 со пченка, која како што се знае се засејува на почетокот на мај, 15 со пролетен јачмен, пет со пролетен рж и два хектара со овес. Што се однесува до пролетниот јачмен, сеидбата веќе е завршена, вели Муладаути. Според него, на останатите планирани површини ќе се најдат фуражните на 54 и градинарските култури на 65 хектари. - Кај градинарските култури најголема површина или 22 хектари се планира засадување на грав, на 20 бостан, на по пет хектари компир и кромид, на по два пиперка и домат, а на останатите други култури. Со фуражни култури ќе бидат засеани 54 хектари, од нив 50 со познатата по квалитет дебарска луцерка, посочува тој. Оваа пролет не е планирано засадување на индустриските култури, наспроти минатата кога беа засеани два хектара со сончоглед. Муладаути оценува дека пролетната сеидба се одвива според планираната динамика и очекува да заврши во оптималниот рок. Тоа, поради доволната влага во почвата и фактот дека земјоделците располагаат со сета потребна механизација и квалитен семенски материјал. вт/мс/

Остани поврзан