• петок, 05 декември 2025

Во Дебарското муфтиство за првпат почна да функционира библиотека и читална за верниците

Во Дебарското муфтиство за првпат почна да функционира библиотека и читална за верниците

Дебар, 24 септември 2025 (МИА) – Во рамки на Дебарското муфтиство, во просториите на Теќе џамијата, во градот, почна да функционира библиотека и читална, а располага и со простор за мали состаноци.

-Оваа нова средина, која за првпат почна да функционира, е посветена за читање, истражување и одржување групни состаноци со продуктивни цели за доброто на општеството. Сакам да напоменам дека книгите не можат да се позајмуваат за домашна употреба, туку се достапни само за читање во овие простории, рече за МИА, Орхан ефенди Зенго, секретар на муфтиството.

Додаде дека првите книги се пристигнати и најави дека во иднина библиотеката ќе биде збогатена со други вредни публикации.

-Добредојдени се сите верници да го посетат и да го користат овој нов простор во служба на знаењето и општата корист, а воедно им се заблагодаруваме со длабока благодарност на сите донатори кои придонесоа за отворањето и функционирањето на овој простор, поставувајќи висок пример за поддршка на знаењето и духовниот развој на општеството, посочи имамот Зенго.

Дебарското муфтиство ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше. вт/вј/

Фото: Дебарско муфтиство

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан