• сабота, 06 декември 2025

Во дворот на ООУ „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров изграден нов спортски терен со вештачка трева

Во дворот на ООУ „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров изграден нов спортски терен со вештачка трева

Скопје, 3 јуни 2025

Во дворот на ООУ „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров изграден е нов спортски терен со вештачка трева, на површина од 800 метри квадратни – безбеден и модерен простор за спортување, тренинг и игра за учениците и младите од околината.

Овој терен не е само инвестиција во инфраструктурата, туку симбол на континуитетот на спортскиот дух што живее во нашата општина. Токму тука, на ова училишно игралиште, своите први фудбалски чекори ги направи и денешниот македонски репрезентативец Даниел Аврамоски – фудбалер со богата кариера низ клубови како ФК Македонија Ѓорче Петров, Црвена Ѕвезда, Олимпија Љубљана, Војводина, Сараево, Вардар и моментално успешен играч во Турција.

„Вакви терени се од огромно значење. Радува што денешните деца имаат можност да тренираат во безбедни и квалитетни услови,“ истакна Аврамоски, кој со своето присуство на теренот испрати силна порака до сите млади таленти: дека големите приказни почнуваат токму од вакви места.

Со него беа и младинскиот фудбалски тренер Александар Таневски – Клајне, еден од најперспективните стручњаци во земјава, Горан Јовчевски – Џивџи, наш врвен играч во мал фудбал, пратеникот Бојан Стојаноски, како и градоначалникот Александар Стојкоски, кој нагласи:

„Инвестициите во спортот се инвестиции во здравје, карактер и иднина. Горди сме што сè повеќе деца од Ѓорче добиваат услови какви што заслужуваат.“

Спортот во Ѓорче има иднина – и таа се гради чекор по чекор, терен по терен. Градиме со срце. За секое дете. За секој млад шампион.

 

Фото: Општина Ѓорче Петров 

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан