• петок, 05 декември 2025

Во гостиварската полиција пријавено дека малолетник се затрул од алкохол во угостителски објект

Во гостиварската полиција пријавено дека малолетник се затрул од алкохол во угостителски објект

Гостивар, 1 ноември 2025 (МИА) - Малолетен гостиварец утрово завршил во болница каде му била пружена медицинска помош откако било пријавено дека е затруен по конзумирање алкохол во угостителски убјект, информираат од СВР Тетово.

- На 01.11.2025 во 02:45 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив е донесен малолетник затруен од консумирање на алхохол. Веднаш е постапено по пријавата и констатирано е дека се работи за 16- годишник од гостиварско и по кажување на неговата мајка алхохолот го консумирал во угостителски објект во Гостивар, изјави портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Тој потврди дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и под кои околности малолетникот консумирал алкохол. згм/ев/

ФОТО: Архива 

Остани поврзан