• недела, 22 декември 2024

Во главниот град на Шведска се одржа митинг за оддавање почит на Куранот

Во главниот град на Шведска се одржа митинг за оддавање почит на Куранот

Стокхолм, 24 јануари 2023 (МИА) - Пред турската амбасада во Стокхолм, главниот град на Шведска, се одржа собир за оддавање почит кон Куранот, јавува Анадолија.

Програмата беше заеднички организирана од турски невладини организации активни во таа земја како одговор на саботниот чин на палење муслиманска света книга токму во Стокхолм во близина на турската амбасада, што наиде на жестока осуда од исламскиот свет, а особено од Турција.

Турскиот амбасадор во Стокхолм, Јонет Џан Тезел, се обрати пред присутните и рече дека милијарди муслимани се згрозени и го осудуваат инцидентот во саботата и провокативното палење на Куранот од страна на екстремно десничарскиот политичар од Данска, Расмус Палудан.

За време на средбата на учесниците им беа поделени копии од преводот на Куранот на шведски и каранфили. ссм/

фото: Анадолија

Остани поврзан