• недела, 29 септември 2024

Во галеријата „КО-РА“ отворена изложбата „Заедно за нашата планета Земја“

Во галеријата „КО-РА“ отворена изложбата „Заедно за нашата планета Земја“
Скопје, 19 март 2021 (МИА) - По повод Денот на пролетта и деновите на екологијата, Домот на култура „Кочо Рацин“ - Скопје и галеријата „КО-РА“ организира групна изложба насловена „Заедно за нашата планета Земја“.
Изложбата традиционално се организира три децении по ред, е целта е секојдневно дејствување во сите сфери за спас на планетата Земја.
-Имајќи го во предвид значењето на оваа  сеопфатна проблематика од есенцијално  значење  која подразбира широк спектар на активности, каде е неопходен  секој ангажман на секоја индивидуа одделно,  како  обид за спас  на бројни видови загрозени од климатските промени, за спас на шумските оази се почесто изложени на опожарувања и немилосрдна експлоатација,за спас на еколошкото семе, од кој зависи опсатнокот, намалување на сообраќајот, застапеноста на велосипедот и заложбата за пешачки зони во урбаните центри,  побудување на колективната свест и придонес на секоја индивидуа со инвентивни  предлози и решенија, соопшти Виолета Калиќ, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Ј.У. Домот на култура „Кочо Рацин“.
Воедно, според Калиќ, изложбата има за цел иницирање на креативни визии со посочување на можни проекти со цел за доближување до природата и нејзините недоосознаени раскошни ресурси, за нестување на нејзиното било, за навражање кон чистите исконски ресурси и можни форми на едно поинакво опстојување
На изложбата ќе учествуваат 28 учесници меѓу кои Стеван Илијевиќ, д-р Дита Старова Ќерими, м-р Шќипе Мехмети, Росица Лазеска, Верина Николова (Францијаи,Љупчо Бојаров, м-р Марија Светиева, м-р Мирко Вујисиќ, м-р Валентина Илијевска, Лидија Вујисиќ, м-р Петра Јовановска, м-р Христина Зафировска, Aцо Таневски,Зоран Бошковски (од Тетово),Вангел Срнаков (од Гевгелија), ВикторВ. Темелковски, Ристе Мицевски (од Штип),  Виктор Бранѓолица (Р.Хрватска),  Зулејха Зубери Али, м-р Жанета Радевска Спировска, м-р Борјана Божиновска...
екоја година се повеќе се придружуваат и нови имиња од повеќе генерации кои учествуваат во бројни проекти  кои ги имаме често и со ангажиран карактер како непосреден придонес во афирмацијата на оваа проблематика од витално значење за опстанокот на нашата планета Земјат како и на бројните видови на неа, истакна Калиќ. бт/ац/

Остани поврзан