• петок, 11 октомври 2024

Во војната во Газа за една година најмалку 42.065 починати, 55 во последните 24 часа

Во војната во Газа за една година најмалку 42.065 починати, 55 во последните 24 часа

Газа, 10 октомври 2024 (МИА) - Во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври загинаа најмалку 42.065 Палестинци, а беа повредени 97.886, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.

Најмалку 55 Палестинци се убиени во изминатите 24 часа, се вели во соопштението на Министерството, кое е под контрола на палестинското исламистичко движење Хамас.

Израел ја започна својата воена операција во Појасот Газа откако милитантите на Хамас извршија напад врз еврејската држава на 7 октомври минатата година. Во нападот, стотици Израелци беа убиени, а многу луѓе беа земени како заложници и однесени во Газа. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан