Во водите на Охридско езеро пронајдена рачна бомба
- Во СВР Охрид вчера во 11:40 часот било пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај селото Трпејца, била пронајдена рачна бомба.
Скопје, 16 јули 2023 (МИА) - Во СВР Охрид вчера во 11:40 часот било пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај селото Трпејца, била пронајдена рачна бомба.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од увидот, извршен во присуство на овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување, констатирано е дека се работи за бомба М-17 од Првата светска војна.
Посочуваат дека бомбата е безбедно подигната и предадена за натамошна постапка. фф/нд/
Фото: МИА Архива