• петок, 22 ноември 2024

Во Вински музеј Кавадарци дванаесет илјади посетители за три години

Во Вински музеј Кавадарци дванаесет илјади посетители за три години

Кавадарци, 5 јануари 2024 (МИА) - Околу 12 илјади посетители го посетиле Вински музеј Кавадарци за три години, а годинава што измина, околу 3.500 гости дошле овде од земјава и странство. Како што информираше денеска директорката Весела Честоева за МИА, од ден на ден расте интересот за овој музеј, за настаните што ги организираат овде и за експонатите што говорат за историјата, културата и традицијата во најголемиот лозаровинарски регион во државата. 

- Мора да се напомене дека годината што измина ја отворивме и винотеката во која може да се купат вината од семејните винарии, како значаен потенцијал за лозаровинарството и винскиот туризам, нагласи Честоева. 

Таа додаде дека нивните настани вклучуваат лица од различни генерации, а им посветуваат внимание на сите видови на уметност. 

- Наша цел е да го издигнеме на повисоко ниво македонското вино на светската винска карта, а винскиот музеј да биде задолжителна дестинација на вљубениците во убавото вино, што исто така претставува своевидна уметност, додаде Честоева. свд/сст/

Фото : МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан