• петок, 22 ноември 2024

Во Велес почнува прикажувањето на серијалот „Црвениот поет“ посветен на Коста Солев Рацин

Во Велес почнува прикажувањето на серијалот „Црвениот поет“ посветен на Коста Солев Рацин

Велес,12 јуни 2023 (МИА) - Вечерва во 20 часот во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес на отворено ќе започне проекцијата на серијалот „Црвениот поет“ посветен на поетот и револуционер Коста Солев Рацин. Серијата е во продукција на „Сектор филм,  сценариото е на Сашко Насев, режија на Никола Поповски.

Општина Велес ги обезбеди авторските права за серијата која досега не е емитувана ќе можат да ја проследат на отворено, бесплатно сите заинтереисрани од Велес и други градови. Освен вечерва и во вторник и среда во 20 часот ќе се одржи проекција во амфитеатарот на Младинскиот парк.

- ТВ серијата „Црвениот поет“ е снимана во 2016 година и досега на е емитувана на националните телевизии, информираа од Општина Велес и ги повикаа сите заинтересирани да дојдат и бесплатно да ја видат оваа интересна серија посветена на големиот велешки и македонски поет Рацин, познат насекаде во светот по неговите „Бели Мугри“, преведена на сите светски и голем број други јазици.

Во серијата која има 10 епизоди главниот лик на Коста Солев Рацин го игра актерот Александар Ристоски.

Проекцијата е дел од програмата на годинашните јубилејни 60. Рацинови средби во Велес.

Воедно, Општина Велес во пресрет на Рациновите средби деновиве целосно го реновира  амфитетарот, а на бетонската подлога постави и дрвени седишта за поголема удобност на сите посетители. ад/дма/

Остани поврзан