Во Велес одбележани 81 година од смртта на народниот херој Димче Мирчев
- Општина Велес и ОЈУ за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ денеска одбележаа 81 година од смртта на народниот херој Димче Мирчев и својот патрон загинат на денешен ден 7 април во 1944 година. По тој повод, делегации на Општина Велес, јавни институции и градинката што го носи неговото име, положија цвеќе пред спомен бистата на херојот во дворот на градинката. Чест му оддадоа и најмалите-децата од градинката, положувајќи свежо цвеќе.

Велес, 7 април 2025 (МИА) - Општина Велес и ОЈУ за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ денеска одбележаа 81 година од смртта на народниот херој Димче Мирчев и својот патрон загинат на денешен ден 7 април во 1944 година. По тој повод, делегации на Општина Велес, јавни институции и градинката што го носи неговото име, положија цвеќе пред спомен бистата на херојот во дворот на градинката. Чест му оддадоа и најмалите-децата од градинката, положувајќи свежо цвеќе.
Делегациите, потоа букети цвеќе положија и на спомен бистата на Димче Мирчев во Младински парк.
Димче Мирчев е роден во Велес во 1913 година. На 27 годишна возраст активно се вклучува во подготовките на вооруженото востание. Тој е еден од организаторите на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ и заменик командант на одредот. Мирчев загинал во судир со бугарската полиција во реонот на Тиквешијата на 7 април 1944 година, заедно со Киро Крстев-Налбатот, во обидот да заминат во партизани. Посмртните останки на Димче Мирчев се во велешката Спомен-костурница од НОВ. Димче Мирчев бил прогласен за народен херој на 2 август во 1949 година.
Спомен биста на народниот херој Димче Мирчев има и во Фабриката за талк која го носи неговото име „Димче Мирчев“.
Инаку по повод патрониот празник децата од OЈУ за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ ја изведоа драмската игра „Волшебната шума“.
Славица Алексоска психолог од ОЈУ за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ која го напиша текстот за драмската игра „Волшебната шума“ за МИА информира дека оваа година замислиле дечињата да не бидат само публика туку да учествуваат во претставата, со по некој стих, со гатанка, со игра,
-За идејата за „Волшебна шума“ дојдовме преку работилници со децата за Волшебна шума и потоа решивме да направиме и претстава .Бидејќи шумата е секогаш поврзана со пролетта и со фантазијата на децата и сакавме да направиме нешто поинаку токму преку оваа претстава.Затоа што во детскиот свет се е волшебно и сите работи можат да се случат.Така ја добивме идејата тоа да биде Волшебната шума каде што се случуваат чудни и несекојдневни работи.Имаше вили,а мечките и пчелките беа пријатели.волкот и Црвенкапа беа другарчиња,Сите тие чудни работи се случуваат за да на крајот од претставата се увиди колку е значајно другарството и среќата.Па и девојчето што ја криеше топката, сфати дека треба да ја подели во игра заедно со своите другарки..Порака беше дека другарството и среќата на децата е најважно и за нас возрасните да правиме се’ да им ја овозможиме таа среќа, бидејќи тие се нашата иднина и среќа, порача авторката Алексоска.
Во претставата настапија шест воспитувачки и 70 дечиња преправени во костими на мечиња, зајачиња, буба марки,пеперутки и пчелки,а за нив ги изработија од тимот на Детската градинка Димче Мирчев и целата сценографија за претставата која од присутните беше наградена со долг и силен аплауз и изнуди многу насмевки и радости кај дечињата.ад/
Фото: МИА