• понеделник, 23 декември 2024

Во Велес започна Европската Недела на мобилност

Во Велес започна Европската Недела на мобилност

Велес,16 септември 2024 (МИА) - Во спортската сала „Гемиџии“ во Велес со креативно – едукативна работилница со дечињата од ОЈУДГ „Димче Мирчев” во соработка со Спортската академија „Јуниор“ денеска започнаа активностите на Општина Велес за одбележување на Европската Недела на мобилност 2024, која ќе трае до 22 септември.

Преку игра, песна и спортски активности, најмладите од градинката подготвија работилница на која пред присутните укажаа на потребата од подигнување на свеста за водење на здрав живот и зачувување на животната средина.

Воедно тимот од Општина Велес обезбеди и донации од општествено одговорни компании кои донираа спортски реквизити наменети за сите клонови на ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, како и за општинските основни и средни училишта. 

Партнери и поддржувачи на активностите за одбележување на ЕНМ 2024 во Велес се и Делегацијата на Европска унија и Европска куќа Велес, Министерство за животна средина и просторно планирање, ЗГ „Велес бајкинг”, ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, МВР-СВР Велес, Младински центар Велес и Отворен регионален фонд за енергетика, транспорт и климатска заштита (ORF-ETC), Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ).

Општина Велес ги повикува сите жители да се придружат на овие активности кои ќе се одржат во текот на оваа недела. ад/сст/

 
 Фото Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан