• понеделник, 23 декември 2024

Во Велес заврши санирањето на карпата под Градскиот саат

Во Велес заврши санирањето на карпата под Градскиот саат

Велес 15 јануари 2020 (МИА) - Заврши санирањето на карпата над тротоарот и улицата „Димко Најдов“ под Градскиот саат во Велес со што е обезбедена сигурноста на пешаците и возачите на оваа главна улица во Велес. Како што појаснуваат од Општина Велес и покрај зимскиот период работите биле изведени со цел да се санираат сè поголемите одрони од карпата, а со тоа и да се обезбеди сигурноста на пешаците и возачите кои минуваат на оваа фреквентна улица што води кон Стариот мост и Долни дуќани и обратно кон центарот на градот.

Градоначалникот Аце Коцевски најави дека наскоро ќе се санираат и карпите кои водат од потегот надолу по оваа улица од кај Стар Мост до Долни дуќани, а каде исто така има често одрони од карпите посебно во зимскиот период.

Од одделението за градежништво при општина Велес,  најавија дека во март треба да започне   санацијата на свлечиштето на карпата Цуцка под Долни дуќани. Проектот  вреден  над 20 милиони денари ќе го финансира ЈП за Државни патишта, а  вклучува: санација на свлечиштет она оштениот дел од коловозната лента и изградба на потпорен ѕид помеѓу пругата и регионалниот пат.

Инаку, големите одрони  од ридот Цуцка кај Долни Дуќани кај Велес се случија на 13 март 2018 година, кога  беше попречен патот Велес - Градско и пругата Велес-Гевгелија, но за среќа во несреќа немаше жртви.ад/ир

 

Остани поврзан