• петок, 22 ноември 2024

Во Богомила одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Во Богомила одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Велес, 23 октомври 2024 (МИА) - По повод 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, делегација од Општина Чашка, Советот на Општина Чашка, Општина Велес, пратеници, претставници на  локални иституции и политички партии денеска  положија свежо цвеќе на спомен-плочата  на  спомен-куќата во село Богомила на Петар Поп Арсов  - еден од основоположниците на македонската револуционерна организација.

Градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски свечено ја  промовира и внатрешно реновираната спомен-куќа, поделена во два дела, музејска поставка на Петар Поп Арсов, во која за животот и делото говореше професор д-р Ѓорѓи Малковски, и  етнолошка поставка на предмети од регионот на  Азот обезбедени во соработка со Здружението на граѓани „Разбој“ .

-На овој ден со гордост се сеќаваме и поклонуваме на македонските револуционери и ја чествуваме нивната пожртвуваност, истрајност и волја за слобода, правда, еднаквост, независност и сопствена државност. Слава им, потенцира градоначалникот Стојановски. ад/хс/ 

Фото: МИА

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан