• петок, 08 ноември 2024

Во Битола трка „Трчај бе“, ќе учествуваат 1 400 атлетичари

Во Битола трка „Трчај бе“, ќе учествуваат 1 400 атлетичари
Скопје, 4 септември 2022 (МИА) - Илјада и четиристотини атлетичари од 12 земји од светот ќе учествуваат денеска во трката низ улиците во Битола наречена „Трчај бе“, која годинава е и Национално првенство во полумаратон, кое стои официјално во календарот на Атлетската федерација. - Врвни атлетичари од повеќе земји и домашни вљубеници во трчањето ќе трчаат на трите патеки долги пет, десет и 21 км низ Битола. Ќе биде и големо и масовно издание. Полумаратонот кој минатата година го организиравме за прв пат и беше Балканско првенство, годинава ја продолжува традицијата да биде ставен на атлетската листа настани како Национално првенство и тоа е голем комплимент за нас како организатори. Пријавена е целата македонска атлетска елита, на листата имаме и атлетичари од странство, бројни компании кои токму овој викенд ги испланираа своите тим билдинг активности и се разбира учесници рекреативци, истакна Никола Димитровски, директор на трката. Според организаторите, Битола веќе неколку месеци интензивно се подготвува да ги пречека учесниците и гостите, кои во градот под Пелистер по четврт пат ќе направат празник на трчањето. Се подготвува и придружна програма, која ќе направи вистински спортско-забавен хепенинг во градот по патеките, а на главната сцена настап ќе има и Љубојна. Во градот нема веќе слободно хотелско сместување, заради големиот број на гости и натпреварувачи, што е убав пример на спортски туризам кој носи профит за градот домаќин на трката. - Во „Трчај бе“ бројни спонзори препознаа проект кој е интересен за нивна презентација и таа поддршка е значајна за да се изведе квалитетно овој голем и масовен настан. Убаво е кога гледате како компаниите и граѓаните се свесни што ова носи за градот и како настан, но и како концепт кој носи профит во многу придружни сектори, освен туризмот, додаде Димитровски. рп/аа/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан