• среда, 04 февруари 2026

Во Битола се сруши стара куќа, оштетени неколку возила

Во Битола се сруши стара куќа, оштетени неколку возила

Битола, 30 јануари 2026 (МИА) - Во Битола попладнево, во централното градско подрачје се сруши стара куќа и оштети неколку возила пракирани во непосредна близина на куќата.

Несреќниот случај е регистриран зад станбениот комплекс, кај битолчани позната како „Зградата кај ЈАТ“, чиј простор се користи за паркирање на возила.

Увид на местото на настанот изврши екипа на СВР Битола, а обезбедени се и изјави на сопствениците на оштетените возила.

Во Битола, во централното градско подрачје има и други стари куќи кои претставуваат потенцијална опасност за сообраќајот и минувачите низ градот.мт/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан