• понеделник, 23 декември 2024

Во Битола отворена изложба „Махос и махас – сеќавајќи се на Мадрид, на Гоја“

Во Битола отворена изложба „Махос и махас – сеќавајќи се на Мадрид, на Гоја“
Битола, 30 јули 2022 (МИА) - НУ Центар за култура-Битола во рамки на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ и во соработка со амбасадата на Шпанија во земјава, синоќа приреди изложба на фотографии „Махос и махас – сеќавајќи се на Мадрид, на Гоја“. Изложбата поместена во битолската „Магаза“ ја отвори директорката Маја Андоновска Илијевски. -Феноменот на махизмот стана соврешено прилагоден со песните, танцот и светот на борбите со бикови. Костумите биле составени од три дела, односно сако, елек и капа каде што се собирала косата, комбинирана со појас, панделки и вез, потоа свилени чорапи и сатенски чевли. Овој стил на облекување стана препознатлив на шпанците, а го овековечил Франциско де Гоја преку своите репрезентативни сцени на махос и махас на неговите прекрасни платна, истакнаа организаторите на изложбата. Културниот настан поддржан од амбасадата на Шпанија беше придружен со целовечерен концерт на фолклорниот ансамбл „Де Корос и данѕес – Франциско де Гоја“ од Мадрид, чии членови учествуваат на годинешниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ во Битола. мт/ев/

Остани поврзан