• петок, 22 ноември 2024

Во Битола одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Во Битола одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Битола, 23 октомври 2024 (МИА) - Со положување свежо цвеќе пред споменикот на Даме Груев во Битола, одбележан е Денот на македонската револуционерна борба.

Пред споменикот на Груев, во дворот на НУ Завод и Музеј во Битола, почит оддадоа градоначалникот Тони Коњановски, претставници на Советот на општина Битола, како и делегации од Сојузот на борци, Здружението на граѓани за заштита на ликот и делото на Дамјан Груев и политички партии.

-Денеска го одбележуваме Денот на македонската револуционерна борба, кој потсетува на историските моменти на формирањето на Македонската револуционерна организација и нејзините заложби за ослободување на Македонија и формирање на самостојна и независна држава. И денес, продолжувајќи со интелектуална борба и прогресивни идеи и делувања, заедништво и сплотеност, заветот не обврзува да продолжиме да се грижиме за иднината на Македонија, економскиот напредок на државата и создавањето подобри услови за живот на сите граѓани. Нека ни е честит и вековит Денот на Македонската револуционерна борба, истакна Коњановски. мт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан