• понеделник, 23 декември 2024

Во Битола одбележана годишнина од бегството на политичките затвореници од Затвор „Кај Црн Мост“ 

Во Битола одбележана годишнина од бегството на политичките затвореници од Затвор „Кај Црн Мост“ 

Битола, 6 септември 2022 (МИА) - Општина Битола и општинската организација на Сојуз на борци одбележаа годишнина од бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола, што некогаш се наоѓал во близина на местото викано „Црн Мост“.

Како што е познато, на 6 септември во 1944 година, се случило бегството на политичките затвореници од фашистичкиот затвор во Битола, каде биле затворани политички затвореници од целата битолска околија. Тогашниот Фашистичкиот воен суд во Битола изрекол казни за над 250 учесници во Народноослободителното и антифашистичко движење, 50 од нив осудени на смрт со бесење, 20 беа осудени на доживотна робија, а другите на временски казни со строг затвор од една до 20 години.

По бегството од затворот сите политички затвореници успешно се вклучиле во завршните операции на македонската војска за конечно ослободување од окупаторот, беше речено на комеморативниот собир и сеќавање на хероите кои своите животи ги дадоа за слобода. мт/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан