• сабота, 12 октомври 2024

Во Битола на сообраќајниот влез од Прилеп се гради атмосферска канализација

Во Битола на сообраќајниот влез од Прилеп се гради атмосферска канализација

Битола, 31 август 2024 (МИА) - Општина Битола ги интензивира градежните активности на сообраќајниот влез во градот од страната на Прилеп.

Од Секторот за односи со јавност информираа дека проектот за реконструкција со доградба на коловоз на дел од улица „8 Септември“ во Битола, од бензинска пумпа „Лукоил“ до граница на ГУП на Град Битола, се одвива согласно предвидената динамика.

-Изградена е атмосферска канализација со канализациски цевки во должина од 350 метри и се врши ископ на земја за изградба на мешовита канализација во вкупна должина од 732 метри. Согласно проектната документација, изградбата на новата атмосферска канализација ќе биде во вкупна должина од 2178 метри и ќе се гради на три надолжни краци. Проектот вклучува и реконструкција на водоводна линија која се состои од два цевководи, еден транзитен цевковод во должина од 822,5 метри, кој предвидува замена на челичната цевка Ф-450 милиметри со нова цевка и секундарна водоводна цевка со профил ф-110 милимиетри и должина 822,5 метри. Со реконструкција на постоечкиот коловоз со доградба согласно ДУП се планира да се добие вкупна ширина на профилот на улицата од 27,5 метри, информираа од тамошната локална самоуправа.

Градската магистрална улица ќе биде со попречен профил составен од два коловози, источен и западен, секој со по две сообраќајни ленти со широчина од 7 метри и разделно зеленило меѓу нив со широчина од 2.50, како и обострани тротоари со велосипедски патеки и зелен појас – дрворед со широчина од по 5.50 метри. На реконструираниот влез во градот ќе биде поставено и ново улично осветлување во должина од 1313 метри, се посочува во денешното соопштение од Општина Битола. мт/мд/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан