• сабота, 23 ноември 2024

Во беровското село Русиново започна изградбата на фонтана во чест на Верица Белчовска

Во беровското село Русиново започна изградбата на фонтана во чест на Верица Белчовска
Берово, 8 август 2022 (МИА) - Во беровското село Русиново започна изградбата на фонтана во чест на Верица Белчовска која животот го изгуби во сообраќајна несреќа. Иницијативата е на стопанственикот по потекло од Русиново, Благој Механџиски кој рече дека со самиот факт што родителите на Белчовска решија да ги донираат органите по смртта на својата ќерка, покажува дека треба нешто да се направи за нејзиното дело. -Го избравме овој ден кој го посветуваме на нашата покојна сограѓанка Верица Белчовска. Благдоарејки на посмртната храброст на нејзините родители, 16 лица живеат среќно благодарение на нејзините органи. Токму од тој аспект се чувствувам среќен што ми се даде прилика и поддршка од соселаните да направиме една чешма, еден извор на жива вода  кој ќе го симболизира животот, рече Механџиски. Целокупните градежни активности, како што додаде се очекува да траат околу еден месец. -Ова е втора бушотина, бушевме околу 40 метри, се надеваме дека сега ќе го погодиме поголемото врело на вода и ќе го направиме тоа што сме го замислиле. Освен тоа оваа вода ќе служи и за самите селани кои ќе бидат снабдени со вода во тешки и критични денови, додаде Механџиски. По изградбата на фонтаната, планирано е и воспоставување на поетска манифестација Вечери на детска поезија, манифестација која истотака ќе биде посветена на Верица Белчовска. вс/аа/

Остани поврзан