• понеделник, 23 декември 2024

Во беровското село Митрашинци, одбележани 78 години од формирањето на 50-тата Дивизија на НОВ И ПОМ

Во беровското село Митрашинци, одбележани 78 години од формирањето на 50-тата Дивизија на НОВ И ПОМ
Берово, 20 септември 2022 (МИА) - Во беровското село Митрашинци, беа одбележани 78 години од формирањето на 50-тата Дивизија на НОВ И ПОМ и 14-тата младинска ударна бригада ,,Димитар Влахов". Свечената церемонија започна со оддавање на едноминутно молчење во знак на почит на загинатите борци и револуционери.
-За време на одбележувањето на настанот  во краткиот говор прочитан пред присутните, беше назначена улогата за формирањето на дивизијата, за нејзиното дејствување, со потсетување на борбениот дух и непокорливоста на разловечките востаници, на кресненските бунтовници, на илинденските идеолози, која вроди со создавање на независна и самостојна држава, истакнаа од Општината.
Во рамки на настанот беше подготвена и кратка програма подготвена од учениците од подрачното училиште, а делегации од општествениот и политичкиот живот, положија цвеќе пред споменикот во село Митрашинци.
На одбележувањето, на 78 годишнината од  формирањето на 50-тата Дивизија  на НОВ И ПОМ присуствуше и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски како и единствениот жив сведок, на случувања од формирањето на дивизијата, Јован Величков, чии сведоштва од учеството во НОВ се опишани во книгата ,,Мојот живот, минато мило", дело кое неодамна ја имаше својата промоција. вс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан