Во Берово реконструирана улицата „Енгелсова“
- Во рамки на Програмата за реконструкција на локални улици и патишта за 2025 година, Општина Берово го реализираше проектот за реконструкција на улицата „Енгелсова“, која доби нов асфалтен слој.
Берово, 26 јуни 2025 (МИА) – Во рамки на Програмата за реконструкција на локални улици и патишта за 2025 година, Општина Берово го реализираше проектот за реконструкција на улицата „Енгелсова“, која доби нов асфалтен слој.
-Реконструкцијата опфати делница во должина од 230 метри и ширина од 5 метрипри што беа поставени ивичњаци од двете страни на улицата, решено беше одводнувањето, а обезбеден е и простор за изградба на тротоари со широчина од 1 метар, кои ќе се реализираат во втората фаза од проектот, информираа денес од Општината.
Целта на изградбата на оваа улица како што додадоа е подобрување на патната мрежа во Берово преку олеснување на пристапноста на жителите до нивните имоти.
Проектот е вреден 2.577.200 денари, средства кои се обезбедени преку јавниот повик на Владата на Република Северна Македонија за финансирање на инфраструктурни проекти, во рамки на Програмата АА – Инфраструктурни проекти во општините, поддржана од Министерството за локална самоуправа, согласно измените и дополнувањата на Буџетот на РСМ за 2024 година во делот на капитални проекти од областа на транспортот. вс/
Фото: Општина Берово