• сабота, 23 ноември 2024

Во Берово откажано одржувањето на Етно плоштад фестивалот

Во Берово откажано одржувањето на Етно плоштад фестивалот
Берово, 18 август 2021 (МИА) - Во Берово e откажано одржувањето на Етно плоштад фестивалот. И годинава, како и минатата, како што информираа од Општината која е организатор на настанот, фестивалот се откажува во интерес на запазување на јавното здравје.
- И оваа  година,  Етно плоштад фестивалот,во чии рамки години наназад се одржуваше саемот „Малешевијата на дланка" и фестивалот на детски песни „Малешевско ѕвонче", нема да се одржи. И покрај тоа што сите очекувавме дека пандемијата од Ковид 19 ќе се стави под контрола и  ќе продолжиме со сите предвидени активности од областа на културата, за жал, тоа не се случи и повторно имаме зголемен број на активни случаи и во општина Берово, истакнаа организаторите.
Изразија надеж дека успешно ќе се справат со пандемијата, со што во наредните години фестивалот повторно ќе биде еден од најпрепознатливите музички настани во Малешевијата.
-Искрено очекуваме дека самосвеста ќе проработи и нема да дозволиме бројот на заболени во Берово, секојдневно да расте, додадоа од Општината.
Заклучно со денешниот ден во Берово има 42 активни случаи со Ковид-19 од кои 15 нови случаи има за само едно деноноќие што е еден од клучните фактори организаторите да го откажат одржувањето на Етно плоштад фестивал. вс/бак/

Остани поврзан