• петок, 28 јуни 2024

Во Берово одредени локации за поставување контејнери за електричен и електронски отпад

Во Берово одредени локации за поставување контејнери за електричен и електронски отпад

Берово, 18 ноември 2023 (МИА) - Во Берово одредени локации за поставување контејнери за електричен и електронски отпад и отпадни батерии. Како што информираа од Општината одредени се вкупно шест такви локации на територијата на Општината. 

-Две од локациите каде ќе бидат поставени пунктови се ул.,,23 Август” , на раскрсницата кај Нешовци и паркингот кај Стара Автобуска Станица. Потоа пунктови ќе бидат поставени и на улица ,,Моша Пијаде” , позади ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”, улоца ,Партизанска” кај Мостот кај комплексот Стамбени згради ул.,,Борис Кидрич” , на раскрсница со ул.,,Јуриј Гагарин” иво кругот на ООУ ,,Никола Петров Русински”, информираа од Општината.

Со цел учество во унапредување на системот за селектирање на отпадот во Општина Берово, апелираа на правилно одлагање на отпадот.

-Контејнерите се обезбедени во соработка со фирмата НУЛА ОТПАД ДОО Скопје и истата ќе ги превзема и ќе постапува со собраниот електричен и електорнски отпад и отпадни материи, согласно согласно склучен договор за соработка со Општина Берово, додадоа од Општината.

Целта на оваа активност, како што подвлекоа, е зголемување на свеста на населението за селектирање на отпадот, поголема грижа за природата, да се намали загадувањето и секој да допринесе кон поздрава и почиста животна средина и кон зачувување на планетата Земја, додадоа од Општината. вс/цр


Фото: МИА

Остани поврзан