• понеделник, 23 декември 2024

Во Берово започна Државното првенство во пинг-понг за кадети и пионери

Во Берово започна Државното првенство во пинг-понг за кадети и пионери

Берово, 20 април 2024 (МИА) - Во Берово започна Државното првенство во пинг-понг за кадети и пионери. Домаќин на настанот кој се одржува во спортската сала ,,Македонски Бранители" е клубот Зегин од Берово, а учествуваат околу 60 натпреварувачи од неколку клубови во државата.

- Денес се одржува Државно првенство за натпреварувачи во У-11 и У-15 категорија. Имаме натпреварувачи од повеќе градови во Македонија како Велес, Прилеп, Скопје и други. Ние како ППК Зегин Берово учествуваме со 17 натпреварувачи, од кои поголемиот дел влегоа во полуфинале или финале, истакна Јован Ковачовскиз тренер на домашната екипа.

На турнирот се играат натпревари во поединечна машка и женска конкуренција како и во машки и женски и мешани парови.

- Задоволни сме што во Берово по година ипол пауза поради короната се враќаат државните првенства. Очекуваме добри натпревари и еве ова нека биде покана до публиката и утре да дојде да ги бодри нашите пингпонгари, додаде Ковачовски.

Државното првенство во пинг пинг за кадети и пионери продолжува утре со натпреварите во У-13 и У-19 категорија. вс/зс/

Фото: МИА

Остани поврзан