• петок, 22 ноември 2024

Во Балтимор се урна мост откако во него удри товарен брод

Во Балтимор се урна мост откако во него удри товарен брод

Балтимор, 26 март 2024 (МИА) – Мостот Френсис Скот во Балтимор се урна рано утрово откако во него удри голем брод, покажуваат видео снимки од надзорна камера.

Целиот сообраќај се одбиба по заобиколен пат, соопшти Транспортната управа на Мериленд (МТА) и засега не е јасно дали има повредени. Си-Ен-Ен побара дополнителни информации од противпожарната служба на градот Балтимор, но сè уште нема детали.

Мостот со четири ленти, долг 1,6 километри, се протега преку реката Патапско и служи како најоддалечен пристанишен премин во Балтимор и суштинска врска на меѓудржавниот пат 695 во Балтимор.

Според досега достапните информации, во моментот на уривањето на мостот имало неколку работници, како и најмалку три возила. Се сомнева дека сите завршиле во реката.

Службите за итна помош се на лице место и наскоро се очекуваат повеќе информации. јт/

Фото: Скриншот Х

Остани поврзан