• недела, 22 декември 2024

Во Атина почнува меѓународната конференција за заштита на океаните „Our Ocean Conference 2024“

Во Атина почнува меѓународната конференција за заштита на океаните „Our Ocean Conference 2024“

Атина, 16 април 2024 (МИА) – Денеска и утре, Атина ќе биде домаќин на деветтата меѓународна конференција „Наш океан“ („Our Ocean Conference 2024“) што главна цел ја има заштита на океаните, а на која ќе присуствуваат над 120 учесници од 113 земји, меѓу кои лидери на држави и влади и министри од целиот свет, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за конференција што првпат се одржа во 2014 година на иницијатива на Стејт департментот на САД и тогашниот државен секретар Џон Кери, а секоја година се одржува во различна земја, со цел да се дискутира за прашањата поврзани со заштитата на морињата.

На свеченото отворање закажано за денеска, видеопорака ќе испрати претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, а ќе се обратат министрите за надворешни работи и животна средина на Грција, поранешниот државен секретар на САД, специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за океаните, еврокомесарот за животна средина, океан и рибарство, претседателката на Унијата на грчки бродосопственици, како и вршителот на должноста помошник секретар на САД.

Грција првпат е домаќин на конференцијата, а министри за надворешни работи, земјоделство и животна средина и енергија, на прес-конференција во грчкото МНР минатата седмица ги презентираа деталите и целите.

Шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетртис истакна дека целта на конференцијата е да има опипливи резултати и опипливи активности што ќе го подобрат нивото на заштита на животната средина.

Министерот за животна средина Теодорос Скилакакис објасни дека целта на Грција е од учесниците да постојат заложби за заштита на морскиот свет, но и за одговорно управување со морските ресурси, а конференцијата, постигна, засега, 439 заложби во висина од нешто помалку од 11 милијарди американски долари.

Над 120 учесници од 113 земји, меѓу кои 12 лидери на држави и влади и околу 50 министри од целиот свет, ќе учествуваат на деветтата меѓународна конференција „Наш океан“ („Our Ocean Conference

Конференцијата има шест главни теми: климатски промени, поморска безбедност, одржливо рибарство, морско загадување, морски заштитени подрачја и одржлива сина економија

Паралелно, како што информира министрите, Грција како земја домаќин ќе ги истакне и сопствените цели, како што се промовирање на одржливост, зелено поморство, намалување на пластиката во морињата, како и зелена транзиција во Медитеранот.

Герапетритис истакна дека станува збор за една од најголемите конференции што ги организира земјата.ср/

Остани поврзан