• петок, 22 ноември 2024

Во Албанија инфлацијата во февруари 2,6 отсто што е најниско ниво од 2021 година

Во Албанија инфлацијата во февруари 2,6 отсто што е најниско ниво од 2021 година

Тирана, 10 март 2024 (МИА) - Инфлацијата во Албанија во февруари изнесува 2,6 отсто,  што е најниско ниво во последните три години и под проектираното ниво на Централна банка на Албанија, која имаше за цел да ја задржи на три отсто.

-Растот на цените во февруари се ублажи бидејќи инфлацијата достигна 2,6 посто, што е најниско од октомври 2021 година, пред да започне бранот зголемувања на цените, прво како резултат на проблемите со снабдувањето создадени од пандемијата, а потоа и од превирањата на пазарот, како резултат на нападите на Русија врз Украина, објави Институтот за статистика ИНСТАТ.

Според истиот извор, во февруари, минатата година инфлација изнесувала 7,1 отсто, а денес ги „достигна нивоата кон кои цели Централна банката на Албанија, за здрава економија“.

Во однос на месец јануари, цените на производите за широка потрошувачка се зголемени во просек за 0,3 отсто.

Гледајќи ги одделно по групи, забавата, мебелот и алкохолните пијалаци имаат стапка на инфлација од 3,7 до 4,9 отсто, додека храната е намалена на 2,7 отсто.

Во буџетот на албанските семејства храната ја сочинува групата на стоки каде се троши најголемиот дел од приходите и тоа до ниво од 40 отсто.

Инфлацијата под нивото од три отсто го прави непотребно натамошното заострување на монетарната политика од страна на Централна банка на Албанија, што постепено може да доведе до намалување на каматните стапки. вт/мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан