• петок, 22 ноември 2024

Во Албанија во првите четири месеци рекордна бројка од околу 1,7 милиони странски туристи

Во Албанија во првите четири месеци рекордна бројка од околу 1,7 милиони странски туристи

Тирана, 26 мај 2023 (МИА) - Рекордна бројка од  речиси 1,7 милиони странски државјани ја посетиле Албанија во првите четири месеци од годинава, што според извештајот објавен од Институтот за статистика (ИНСТАТ) претставува раст од 57 отсто споредено со истиот период минатата година.

- Во периодот јануари-април најголем број од странските државјани кои влегле во Албанија се од Европа или  1.626.852, а потоа следат Америка и Источна Азија/Пацифик, со 36.265 односно 9.767 лица. Од вкупниот број, над 600 илјади се во април,  соопшти ИНСТАТ.

Во првите четири месеци зголемен е и бројот на албански државјани кои патувале во странство.

Според ИНСТАТ, бројот на албански државјани кои патувале надвор од Албанија изнесува 1.957.678, што е зголемување за 30,3 отсто, во споредба со истиот период минатата година.

Минатата година во Албанија престојувале 7,5 милиони странски туристи што се оценува како рекордна. Нивниот број е поголем за 1,9 милиони споредено со 2021 година и 18 отсто повеќе од 2019 година, која досега го држеше рекордот по посетеност.  вт/паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан