Во Азербејџан на 7 февруари ќе се одржат предвремени претседателски избори
- Според наредбата, изборите ќе се одржат на 7 февруари во согласност со процедурата утврдена во Изборниот законик на Република Азербејџан
Баку, 7 декември 2023 (МИА) - Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев потпиша наредба за распишување предвремени претседателски избори во земјата, јави азербејџанската новинска агенција АЗЕРТАЧ.
Според наредбата, изборите ќе се одржат на 7 февруари во согласност со процедурата утврдена во Изборниот законик на Република Азербејџан. сд/
фото:МИА архива